Правила и Услови користење

 УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА WWW.OFFERLENOVO.COM

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате Условите за користење. Секоја посета на страницата www.offerlenovo.com, како и секоја регистрација и купување, значи дека сте ги прочитале и ги прифаќате овие услови во целост. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

Овие општи услови се наменети за регулирање на односите помеѓу АИТОНИКС АД, во натамошниот текст ПРОДАВАЧ, и клиенти, во натамошниот текст КУПУВАЧИ, на онлајн продавницата www.offerlenovo.com, во натамошниот текст: Offerlenovo.com

 
ПОДТОЦИ ЗА ФИРМАТА
ПРОДАВАЧ

  1. Назив: АИТОНИКС АД, ЕДБ 4030000394930
  2. Седиште: ул. Васил Ѓоргов 20-А, Скопје
  3. Контакт информации: info@offerlenovo.com

 
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦАТА

Offerlenovo.com е онлајн продавница за е-трговија, достапна на Интернет адресата www.offerlenovo.com, преку која Купувачите имаат можност да склучат договори за продажба и испорака на производи што ги нуди Продавачот во онлајн продавницата, извршувајќи ги следниве активности:

 1. Регистрација и креирање профил за набавка на производи претставени во е-продавницата на Продавачот;

 2. Преглед на производите, нивните карактеристики и опис, цените и условите за испорака;

3. Склучување на договори за купување и продажба со Продавачот и испорака на стоките понудени во онлајн продавницата Offerlenovo.com;

4. Вршење на плаќања во врска со склучените договори преку онлајн продавницата Offerlenovo.com, користејќи која било од предвидените опции за плаќање;

5. Добивање информации за нови производи што ги нуди Продавачот во Offerlenovo.com;

6. Известување за правата на корисниците, кои произлегуваат од законот и трговските фер услови на Offerlenovo.com;

7. Остварување на правото на одбивање и жалба, каде што е применливо, согласно законот за заштита на потрошувачите и Условите за користење на Offerlenovo.com;

 

РЕГИСТРАЦИЈА И НАРАЧКИ

1. Онлајн-продавницата Offerlenovo.com може да биде разгледувана без регистрација.

2. Регистрацијата е потребна само за извршувањето на одредени функционалности на страницата (вклучувајќи го и купувањето на производи) и е апсолутно доброволна и бесплатна. За да се регистрирате, треба да го пополните формуларот за регистрација достапен на страницата, а со една е-пошта можете да регистрирате само еден кориснички профил.

3. По успешно завршување на регистрацијата, секој Купувач има свое корисничко име и лозинка за пристап.

4. За да направи нарачка на Offerlenovo.com, секој Купувач треба да се запознае и доброволно да ги прифати овие општи услови. За да направите нарачка, потребно е да ги следите функционалностите на онлајн продавницата Offerlenovo.com.

5. Договорот за продажба од далечина помеѓу Продавачот и Купувачот се смета за склучен по потврда на нарачката од Продавачот на е-поштата дадена од Купувачот.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Од онлајн продавницата Offerlenovo.com може да се купат само производи за кои што системот дозволува да се додадат во кошничката. Сите информации за производите презентирани на страницата, вклучително, но не ограничувајќи се на технички карактеристики, гарантни услови, начин на употреба и сл., се обезбедени од производителот и Продавачот не носи никаква одговорност во случај на неверодостојни, неправилни или неточни информации, точни информации презентирани на погрешен начин, несовпаѓање помеѓу презентираната и реалната состојба, типографски грешки.

Фотографиите на производите, објавени на Offerlenovo.com се за илустративни цели и можно е да не се софпаќд целосно со реалниот изглед на производите.

 

ЦЕНИ

Сите цени објавени на онлајн продавницата Offerlenovo.com се во македонски денари и важат само во моментот на нивното објавување. Продавачот го задржува правото да ги промени во секое време без претходна најава. Цените за нарачки преку интернет, потврдени од Продавачот се крајни и не подлежат на промена. Цените објавени на онлајн продавницата Offerlenovo.com се со вклучени даноци и такси, без цена за обработка и испорака. Цените и условите за испорака на нарачки се наведени ТУКА.

 

ПОЛИТИКА ЗА ИСПОРАКА

По извршената онлајн нарачка на производите нa сајтот Offerlenovo.com истата се процесира и обработува од продажниот тим на сајтот. Купувачот ќе биде контактиран на доставениот телефонски број или имејл адреса со информации за потврда на нарачката, или откажување доколку нема производот не е моментално достапен.

При преземање на производите, купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачи.

ЦЕНИ ЗА ИСПОРАКА

Испораката за секоја направена нарачка на сајтот Offerlenovo.com е бесплатна за купувачот. Доколку при испораката курирот не успее да Ве исконтактира на оставената адреса и телефонски број, пратката ќе биде вратена и дополнително ќе се договори повторна испорака, а трошокот за повторна испорака го подмирува купувачот.


РОК ЗА ИСПОРАКА

Испорака се врши само на територијата на Република Северна Македонија и вообичаено се извршува во рок од 2-7 работни дена. За време на активни намалувања и попусти, испораката може да трае подолго време од вообичаено.

ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА

Онлајн продавницата www.offerlenovo.com обезбедува враќање на производи единствено за производите кои се нарачани од Offerlenovo.com при следните услови:

         –  Доколку производот не е употребуван може да се врати во рок од 15 дена од денот кога истиот е купен, заедно со приложената документација добиена при испораката. Враќањето на производот е возможно само доколку производот не е користен и е со неоштетена опаковка, а трошоците за враќање се на сметка на Купувачот. Ве молимe да не информирате за Вашето барање на следната email адреса: info@offerlenovo.com, наведувајќи ја причината за враќањето на производот.

     Доколку при приемот на производот Купувачот забележи видливи оштетувања на производот, истиот има право да не го прими и да нѐ исконтактира на следната имејл адреса: info@offerlenovo.com, наведувајќи го конкретниот проблем со производот. Во најкраток можен рок Купувачот има право да добие нов производ, а трошокот за испорака ќе биде на сметка на Продавачот. Доколку во меѓувреме количините од истиот производ се потрошени, Купувачот има право на поврат на платените средства или на замена со друг производ во договор со Продавачот.


Offerlenovo.com има право да ја менува Политиката за враќање на производи. Сите актуализации или промени ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на Offerlenovo.com