ПОЛИТИКА ЗА ИСПОРАКА

По извршената онлајн нарачка на производите нa сајтот Offerlenovo.com истата се процесира и
обработува од продажниот тим на сајтот. Купувачот ќе биде контактиран на доставениот
телефонски број или имејл адреса со информации за потврда на нарачката, или откажување
доколку нема моментална достапност на одреден производ.
При преземање на производите, купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени
производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и
квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има
потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш.
Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачи.
ЦЕНИ ЗА ИСПОРАКА
Испораката за секоја направена нарачка на сајтот Offerlenovo.com е бесплатна за купувачот.
Доколку при испораката курирот не успее да Ве исконтактира на оставената адреса и телефонски
број, пратката ќе биде вратена и дополнително ќе се договори повторна испорака, а трошокот за
повторна испорака се подмирува од страна на купувачот.
РОК ЗА ИСПОРАКА
Испорака се врши само на територијата на Република Северна Македонија и вообичаено се
извршува во рок од 2-7 работни дена.
За време на активни намалувања и попусти, испораката може да трае подолго време од
вообичаено.
ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА
Онлајн продавницата www.offerlenovo.com обезбедува враќање на производи единствено за
производите кои се нарачани од Offerlenovo.com при следните услови:
– Доколку производот не е употребуван може да се врати во рок од 15 дена од денот кога
истиот е купен, заедно со приложената документација добиена при испораката. Ве
молимe да не информирате за Вашето барање на следната email адреса:
info@offerlenovo.com, наведувајќи ја причината за враќањето на производот. Враќањето
на производот е возможно само доколку производот не е користен и е со неоштетена
опаковка.
– Доколку при приемот на производот забележите видливи оштетувања на производот,
истиот треба да го вратите назад и да нѐ исконтактирате на следната имејл адреса:
info@offerlenovo.com, наведувајќи го конкретниот проблем со производот. Во најкраток
можен рок неисправниот производ ќе биде заменет со нов, а трошокот за испорака ќе
биде на сметка на продавачот.
Offerlenovo.com има право да ја менува Политиката за враќање на производи. Сите
актуализации или промени ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на
Offerlenovo.com